Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Денот на мајчиниот јазик, 21 февруари, ЈОУ Библиотеката „Искра“ приредува промоција на книгата „Молкот на страдањето“ од авторката Ивона Глоѓуновска. Освен ова, кочанската библиотека заедно „Збор“, истиот ден организира изложба на книги од македонски автори што ги издала споменатата издавачка куќа. Предвидено е да има и дружење со авторите.
Настанот ќе се одржи на 21 февруари во 17 часот во просториите на Библиотеката „Искра“