Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.
Жири-комисијата констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост.
Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат.