Радио Кочани
Кочани

Во Кочани започна новиот ЦКА – ПХВ циклус

482

Во Кочани започнаа обуките од проектот Црвен крст во акција – промоција на хумани вредноти (ЦКА-ПХВ), на локално ниво имплементиран од Општинската организација на Црвен крст – Кочани.

Проектот опфаќа обука на 30 младинци од основните и средни училишта од општината, кои ќе добијат знаења за изработка на мали проекти за помош на социјално загрозени семејства и проекти за општо добро на заедницата.

-Денеска почнуваме со спроведување на првата од предвидените три обуки на ЦКА-ПХВ програмата. Младинците ќе се запознаат со историјатот на Црвен крст, настанокот и неговото делување. На втората обука младинците ќе добијат познавања за изработка на малите проекти и на третата обука е предвидено да научат правилно да ги документираат. На национално ниво во еден циклус на ПХВ во просек се изработуваат над 100 мали проекти од страна на 1500 млади волонтери низ општинските организации во државата, информираше Рената Спасова, дисеминатор на проектот.

Главната цел на проектот е регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади при Црвен крст, но и помош на социјално загрозени семејства од општината.
Крајниот рок за изработка на проектите е 1 мај. Потоа следува оценување од странана ПХВ инструкторите и прогласување на општинска организација со најдобри изработени проекти.

ЦКА-ПХВ програмата е национална програма која во Македонија се имплементира повеќе од 20 години како една од најуспешните алатки за регрутирање на нови волонтери во организацијата на Црвен крст.

Црвен крст на Р. Македонија – Општинска организација Кочани

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio