Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска, градоначалникот Љупчо Папазов во општинската сала оствари средба со претставници од ОБСЕ – Ебен Фридман, раководител на отсек за набљудување и Нестани Капанадзе, офицер за набљудување.
На остварената средба беа разговарани различни теми, меѓу кои клучните состојби и предизвици со кои се соочува општината, правците во кои ќе се движи општината во периодот кој следува, како и функционирањето на Советот, образованието и комуналните дејности.
Претставниците од ОБСЕ на денешната посета истакнаа дека добро ги познаваат состојбите во нашата општина и дека интензивно ја следат работата на Советот на Општина Кочани.
Претходна објава
АПЕЛ за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Може ќе ви се допадне