Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, денеска го посети Кочани. Негов домаќин беше градоначалникот на Општината, Љупчо Папазов. Двајцата нагласија дека разговарале за практични прашања.
Поебно место нивнаната агенда зазеле прокти поврзани со изградба на регионална депонија и со туризмот.
Амбасадорот Гир подвлече дека во како фокусот на разговорите со градоначалникот Папазов биле и младите. Односно, како да се изнајдат начини тие да бидат мотивирани да останат во Македонија, а не да ја напуштат државата.
Евроамбасадорот, Дејвид Гир, денеска во Кочани, во МКЦ , се сретна и со членовите на Советот на Општината. Пред нив тој говореше за пристапните преговори со ЕУ, кои се веќе започнати.
Во програмата за посетата на амбасадорот Гир на Кочани до крајот на денот се предвидени негови средби со граѓаните и со претставници на невладините организации.