Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В.Д. директорот на ОУ ” Никола Карев” денеска пред новинарите и градоначалникот Љупчо Папазов даде отчет за она што заедно со сите вработени го има направено за период од 6 месеци колку што е на раководната функција во училиштето.
Покрај другото, реновирана е наставничката канцеларија, отворена е нова канцеларија за училишниот дефектолог, изработен е проект за надворешниот изглед и уредувањето на училиштето, обезбедена е донација и опремени се училници со компјутери во подрачните училишта во селата Тркање и Грдовци. За овие две подрачни училишта обезбедени се инвертер клими.
Сработеното досега е публикувано во отпечатен материјал и во дигитална форма.
Градоначалникот Љупчо Папазов во приликава денеска најави двa проекта значајни за ОУ “Никола Карев”: инсталирање фотоволтаични панели и хортикултурно уредување на училишниот простор.