Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Јована Давитковска доби диплома за освоено прво место, а Николиа Манева за освоено второ место на ликовниот конкурс што го организираше Детски ликовен центар од Скопје на тема „Флора и фауна“, информира м-р Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн во ЦК „Бели мугри“ од Кочани.
Таа раководи со Училиштето за цртање и сликање во Националната установа од Кочани и е „најодговорна“ за успесите на Давитковска и Манева, двете активни членки на Училиштето.