Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Кривична за кочанчанец кој ги натепал снаата и внукот…
Кочанчанец добил кривична пријава откако неговата снаа од брат пријавила дека тој ја нападнал нејзе и нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.А. (46) од Кочани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „насилство“. На 18.01.2023 во Кочани, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа од брат и нејзиниот малолетен син, се вели во полициското соопштение, велат од МВР.