Радио Кочани
Кочани

На 4 февруари – Болните од цистична фиброза на уште еден протест пред Владата, организиран превоз и од Кочани

143

Асоцијацијата за цистична фиброза најави нов протест за 4 февруари со почеток во 12 часот пред Владата во Скопје, со кој повторно ќе побараат да се обезбеди терапија за болните од цистична фиброза.
„Нашата борба продолжува во надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Нашата борба продолжува во надеж дека ЦФ ќе значи целосно функционални наместо цистична фиброза“, велат од Асоцијацијата.


Повикот за протестот доаѓа откако Асоцијацијата на крајот на декември одржа протест пред Министерството за здравство. Оттаму тие побараа да се обезеди новата терапија за болните, но и алармираа за проблемите со доцнењето на постоечката терапија, како и проблемите со хоспитализацијата на овие лица.


Луѓето од Кочани што се заинтересирани да ги подржат болните од цистична фиброза и сакаат да заминат на протестот на 4 февруари во Скопје имаат организиран превоз. Потребно е да се јават на телефонот: 075 838 602

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio