Радио Кочани
Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржа 24. редовна седница…

199

Советот на Општина Кочани ја одржа 24. седница, чиј првичен предлог-дневен ред на почетокот беше проширен со две од предложените шест нови точки.

Членовите на Советот го усвоија Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал од 2022 година.

Стручните служби од Секторот за финансии образложија дека вкупниот буџет за 2022 година беше проектиран на 661.442.000 денари, а реализацијата во делот на расходите е со 593.098.166 денари или  89,67 %. Приходите се реализирани со 595 203 206 денари или 89,99 %. Основниот буџет во 2022 година проектиран на 254 484.000, е реализиран со 213.342.956 денари или 83,83 %. Капиталните расходи изнесуваат 45,5 % во однос на вкупната реализација на основниот буџет.

Советот не го прифати предлогот на КЈП „Водовод“, новата цена за кубен метар геотермална вода да изнесува 66,83 ден., која е за 4,93 ден. повисока од актуелната, што произлегува од зголемениот концесиски надоместок за овој енергенс.

Усвоени беа Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште, Предлог-програмата за изменување на Програмата за спорт на општина Кочани за 2023 година, Предлог-програмата за работа на Советот на Општина Кочани за 2023 година, Предлог-планот за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2023/2024 година; изменет е Правилникот за уредување на начинот и условите за доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани и лица во социјален ризик и формиран е Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето општина Кочани.

Поради отсуство на претставници од надлежните институции за следната седница се одложија Информацијата за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на Кочани за минатата и Предлог-планот за 2023 година и Информацијата за пошумувањето и заштитата од ерозија на подрачјето на Кочани.

Советниците го одложија за следната седница разгледувањето на неколку точки поврзани со измена на урбанистичко-планска документација.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio