Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Оризопроизводителите – Ќе го блокираме експресниот пат доколку во рок од 3 дена не оствариме средба со премиерот или министерот за земјоделие
Оризпроизводителите повторно на протести, велат дека ќе го блокираат екпресниот и регионалниот пат Штип-Кочани, доколку во рок од 3 дена не остварат средба со Премиерот или министерот за земјоделие.
Ни е ветуваа се, но на крајот ништо не исполнија. Тоа придонесе до напуштање на површините и до 50 %, а бројот на млади земјоделци рапидно се намалува.
Лути се и незадоволни од игнорирањето на власта која ги оставила на цедило при жетвата и откупот на оризот.
Велат нема ништо и од ветувањата за исплата на субвенциите а, ги нема ниту ветените 3 денари поддршка а откупните цени се пониски од производните и не можат да си вратат вложените пари.
Д.Михајлов