Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во поодамнешните времиња Кога луѓето мигрирале на релација село – град, народните музички инструменти
гајда, кавал, тамбура, ќемене, тапан, дудуче и шупелка ги донесуваале и во градските
средини и постепено заземале рамноправно место покрај инструментите применувани
во градската музичка традиција и со тоа добиле своја улога во градењето на
музичката култура по градовите.
Изработувањето било од страна на самите
инструменталисти и од страна на љубители на овие инструменти. Еден таков пример е
Бобан Анакиев, од Кочани кој сам си ги изработува и свири на нив.