Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Најмладите фудбалери на ГФК „Осогово“ денеска ги започнаа подготовките за претстојната нова сезона. Стотина дечиња се во овој погон на „жолтосините“. Ги предводи една од кочанските фудбалски легенди, Тоде Митев.
Според Митев, иднината на ГФК „Осогово“ се токму овие дечиња. Ни рече, ова е „базата“ од која некогашниот прволигаш треба да регрутира фудбалери за првата екипа.