Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В понеделник, 30 јануари, со почеток во 12 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 24. седница.
На предлог-дневниот ред се 24 точки:
1. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
2. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
3. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
4. Попис на Општина Кочани за 2022 година
5. Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
6. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
7. Предлог-план за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2023/2024 година
8. Програми за изведување ученички екскурзии за трето, шесто и деветто одделение и настава во природа за петто одделение за учебната 2022/2023 година на ОУ „Никола Карев“ – Кочани
9. Програми за изведување ученички екскурзии за трето, шесто и деветто одделение и настава во природа за петто одделение како и еднодневни излети, за учебната 2022/2023 година на ОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Кочани
10. Информација за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2022 година со програми за работа за 2023 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани
11. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал од 2022 година
12. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за периодот од 01.01. до 31.12.2023 година
13. Предлог-одлука за определување крајбрежен појас на Кочанска Река и водотеци опфатени со Детален урбанистички план за ГЧ 5 од ГУП на град Кочани
14. Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП Б65а.1, односно КП 14309, КО Кочани, од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
15. Предлог-одлука за вршење на техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП Б33.12, односно КП 10913, КО Кочани, од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
16. Предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период 2021 – 2031 година
17. План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2023 година
18. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на кубен метар геотермална вода
19. Давање согласност на Одлуката за усвојување на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за исплата на плата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани
20. Давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за основање на подружница на КЈП „Водовод“ – Кочани
21. Предлог-правилник за изменување на Правилникот за уредување на начинот и условите за доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани и лица во социјален ризик, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани
22. Предлог-програма за изменување на Програмата за спорт на општина Кочани за 2023 година
23. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2023 година
24. Предлог-решение за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето општина Кочани.