Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
РАСЧИСТЕНИ ПЕТ КРИВИЧНИ ДЕЛА ТЕШКА КРАЖБА НА ПОДРАЧЈЕ НА ОВР КОЧАНИ
Денеска во ОВР Кочани е извршен службен разговор со 16-годишен малолетник,во присуство на родител, при што расчистени се вкупно пет кривични дела: една тешка кражба од ЈЗУ Општа болница -Кочани, две тешки кражби од куќи и две тешки кражби на дрзок начин, сите сторени на подрачјето на ОВР Кочани.
Одземеното ќе биде вратено на оштетените, а по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.