Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Жители на улицата „Гоце Делчев“ алармираат на нередот што се остава после секој четврток, кога е пазарен ден во Кочани.
„Секој четврток се соочуваме со ист проблем. Постојано се оставаат бетонски блокови на улицата и ние што таму живееме како да сме должни секогаш да ги враќаме на местото од каде што се донесени“, вели преку елктронска порака доставена до Радио Кочани, Тоше Петровски.
Жителите на улицата „Гоце Делчев“ апелираат конечно да се престане со правењето неред за време на пазарните денови во Кочани.