Радио Кочани
Кочани

Некој си поиграл со огнот, а можеше да предизвика катастрофа од пошироки размери !

3,415

Не си играј со огнот да не се изгориш! Тоа е златното правило и наша стара поговорка. Но некој упорно и покрај сите предупредувања си игра со оган. Години наназад, сезони и сезони после жетва се палат стрништата. Свесно, или несвесно го загадуваат воздухот и почвата, а денеска не го погодија денот. Силниот ветер предизвика молскавично ширење на огнот, кој од едната страна стигна до селските куќи, а од другата, вечерва се приближи во близина на оранжериите и една од фабриките за канабис во Кочани. Се чувствуваше чуден мирис, а парчиња изгорена слама летаа до куќите во градот. Противпожарните екипи цел ден беа растргнати низ теренот и го дадоа максимумот. Трошеа ресурси и човечки капацитети, а зошто? Затоа што на некого му текнало да пали стрниште. И сигурно гледа од страна и се смее, или пак е стиснат некаде од страв да не се случи поголема катастрофа. Апелираме дека еднаш засекогаш треба да се стави крај на палењето стрништа. Пожарникарите било да се професионалци, или доброволци се овде да спречуваат случајни и ненамерни пожари, а не да се борат со некои болни умови, кои не знаат да запрат. Ако ова ни се случува во јануари, тогаш што да очекуваме во јули и август? Останува само да се надеваме дека сепак совеста ќе проработи.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio