Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
И покрај тоа што палењето на стрништа е казниво со закон, секојa година сме сведоци на запалени стрништа во Кочани.
Запалените стрништа се потенцијална опасност за предизвикување на пожари.
И покрај тоа што надлежните велат дека инспекторите се на терен во потрага на сторителите, до сега се поднесени неколку пријави, но не е изречена ниту една казна.
Во моментот Кочанско поле е во пламен пожарникарите и доброволците со сите сили се борат против пламените јазици и силниот ветар кој го разгорува оганот.
Мештаните со трактори и пумпи за вода се вклучени во гасењето огнот пристигна и до куќите каде што веќе има и материјална штета како запалена земјоделска механизација, сточна храна и бали со сено.
Пожарникарите по кој знае кој пат до земјоделците бараат совесно однесување и да не се палат стрништата после жетвата, а воедно и до сите граѓани да се воздржат од фрлање догорчиња и палење на оган во природа и посебно во шума, бидејќи предизвикуваат пожари со несогледливи последици.