Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Иницијативниот одбор за организација на Василичарскиот оган во кочанската населба „Трајаново Трло“ оваа година за прв пат го организираше овој убав настан во знак на чествување на нашиот православен празник Василица.
Мештаните од населбата, кај Парклисот „Св.Димитриј“ со повеќе од 70 фамилии се собраа околу василичарскиот оган, со греана ракија, вино и мезе ја дочекаа Новата година според Јулиjaнскиот календар.
Се бараше и паричето. кое оваа година падна кај Јована Стојанова.
Д.Михајлов