Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Производителите на ориз повторно со најава за блокади…
Нови протести во новата 2023 година најавуваат кочанските производители на ориз .
Повторно ќе го блокираат патниот правец Облешево-Кочани, доколку не им бидат исплатени редовните субвенции и дополнителните средства во висина од 3 денари предвидени во ковид мерките .
Тие бараат итна средба со министерот, во спротивно излегуваат на блокада.
Земјоделците се револтирани бидејќи како што тврдат им било ветено редовните субвенции да им бидат исплатени до крајот на годината, но за жал на сметките се уште нема легнато ни денар.
Велат дека се ставени пред свршен чин, бидејќи пари за подготовка на нивите за новата сеидба, нема.
Масовни протести најавуваат и од Самостојниот синдикат на земјоделци, од каде што велат својот род го продаваат по цена пониска од производната.
Д.Михајлов