Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
СИТЕ СМЕ СОВЕСНИ И ГРИЖЛИВИ, А ЃУБРЕТО НИ ГО НОСАТ ВОНЗЕМЈАНИ
Пониква зимска убавица, Пониква летна убавица!
Гости од цела Македонија ги користат благодетите на природата и чистиот воздух, уживаат и се восхитуваат.
Но според овие фотографии, не изгледа се така розово и бело од снегот што падна деновиве.
Ние граѓаните и гостите и домаќините знаеме да коментираме и критикуваме, но сепак сѐ уште во 21от век не знаеме да го користиме местото и контејнерите определени за фрлање на отпадоци и ѓубре. Најлесно е околу нив, употреби и фрлај. И не само на Пониква, така е и околку брана „Градче“ и другите излетнички места – дар од природата.
Ако прашаш некого, скоро секој без исклучок ќе рече: Не сум јас, јас си носам ќесичка и го враќам назад во домашната канта. Па добро, од каде тогаш толку многу ѓубре? Или овие фотографии се фотомонтажа?
Еве уште 2 фотографии на кои се гледа како целиот отпад кој носи само тешка реа и болести е собран, исчистен и однесен на депонија.
Скриената камера за редок дивеч ќе ни покаже за колкава временска дистанца ќе можеме да ги обновиме првите две слики, полни со отпад, ѓубре, зарази и болести? Или подобро да се надеваме дека нашата убавица сепак ќе биде облечена во чисто и бело руво.
И.Лазаровски