Радио Кочани
Кочани

Николовски: Исплатени се 46.3 милиони денари за 2.000 производители на стратешки житни култури

377

Министерот Николовски денеска информираше дека е извршена исплата на околу 2.000 производители на стратешки житни кулутури.

„Извршена е исплата спрема близу 2.000 производители на стратешки житни кулутури во висина од 46.3 милиони денари. Поддршката се однесува на набавка на вештачко ѓубриво за прихрана на земјоделскте површини за есенската сеидба.
Оваа мерка за поддршка следува како надоврзување на поддршката за набавка на вештачко ѓубриво во пролетната сеидба, со што во целост го помогнавме процесот на производство на житни култури.
Исплатата од страна на АФПЗРР е реализирана пред новогодишните и божиќни празници. Грижата за македонските земјоделци и сите чинители од земјоделскиот сектор продолжува.“, информираше министерот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio