Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Maлолетно девојче oд Кочани избегало од возилото во кое две лица насилно ја внеле…
Во полициската станица во Кочани, 31-годишна жена од Кочани пријавила дека на 4 јануари околу 18.00 часот во Кочани, две лица со употреба на сила ја внеле нејзината малолетна ќерка во патничко возило со штипски регистарски ознаки, од каде по некое време таа успеала да побегне и се вратила дома.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.