Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
-Денес ги уплативме средствата кои ги собравме од спроведената хуманитарна акција за ,,меѓународниот ден на солидарноста”. Средствата се уплатени на ученик од нашето училиште и неговото семејство на кои им се потребни, со цел да им овозможиме покомфорно да си ги празнуваат ,,Новогодишните” и ,,Божиќните” празници. Собрани се 21.810 денари од оваа хуманитарна акција и ,,Новогодишниот пазар” од подрачното училиште С.Тркање.
Од се срце сакам да им се заблагодарам на сите вработени при ООУ ,,Никола Карев”што покажаа хуманост и ја подржаа оваа акција. ООУ,,Никола Карев” покажа дека е училиште кое е хумано и подготвено да помогне за секого каде сме во можност., се вели во соопштението од кочанското ОУ доставено до Радио Кочани