Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Уредување на тротоарски површини на повеќе улици во градот
Во тек се нови градежни активности во Кочани, уредување на тротоарски површини со бехатон плочки со вкупна површина од 1 400 метри квадратни.
Изминатиов период се работеше на уредување на тротоарите на дел од улиците „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, а во моментот се работи на уредување на тротоарските површини на дел од улиците „Иван Иванов-Балашо“ и „Пролетерски бригади“.
Изведувач на работите е градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци, а средствата се наменети од Буџетот на Општина Кочани.