Радио Кочани
Кочани

Се празнува Св. маченичка Варвара: Oд денеска денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки…

568

равославните христијани денес ја празнуваат света Варвара, погyбeна од својот татко затоа што била христијанка.

Света Варвара се роди во Хелиопол, за царувањето на Максимијан. Татко и беше незнабожец. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек.

Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и.

Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.

Кај нас е сочуван обичај, иако со непознато потекло, на овој ден да се вари жито (разни житарици) кое ќе се јаде следните неколку денови. Исто така денес се сее и божиќната пченица… Старите велат дека од овој празник денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio