Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почитувани браќа и сестри!
Во позитивна и победничка атмосфера помина вчерашната КОМИТСКА ВЕЧЕР, на која се сретнаа повеќе генерации покажувајќи сплотеност, лојалност и македонска припадност.
Традицијата секогаш на прво место, но овојпат во ново руво, на нов начин…но заедно со сите подржувачи на делото и на Организацијата.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани беше почестен со присуството на проф.д-р Христијан Мицкоски, нашиот претседател, кој имаше свое обраќање пред членовите и симпатизерите.
Остануваме доследни на идеалите!
Благодарност кон сите оние наши борци кои не подржуваат во оваа битка за промени и за излез од катастрофалната состојба во државата.
Со почит!
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
Ова како официјална информација ни е доставено од ОК на ВМРО – ДПМНЕ за Комитската вечер во Кочани