Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Како што Радио Кочани неофицијално дознава станува збор за деветнаесет годишно момче од Кочани, кое покрај болничката „Тојота“ пред триесетина дена извршило кражба и на патничко моторно возило „Опел Корса“, исто така од кругот на кочанската болница.
Пронајдено е и тоа возило, а воедно кај истото лице полициските инспектори од Кочани го пронашле и лаптопот од стамбен објект за домување во Кочани. Пронајдените возила и компјутерот ќе им бидат вратени на сопствениците, а против деветнаесетгодишното момче ќе биде поднесена соодветна пријава.