Радио Кочани
Кочани

Со анкета од средношколци – граѓаните на Кочани беа консултирани за предизвиците во сообраќајот

1,232

Во соработка со учениците и професорите од сообраќајната струка во СОУ „Гошо Викентиев“, денеска службите за сообраќај од Општина Кочани реализираа уште една анкета по прашалник за проблемите и предизвиците во сообраќајот, користењето на еколошки превозни средства и за паркирањето.

Обработката и анализата на добиените одговори ќе помогне во креирањето политики, мерки и активности за подобрување на состојбата во сообраќајот и примена на нови сообраќајни решенија, посебно во централното градско подрачје.

Во текот на 2022 година Општина Кочани во неколку наврати реализираше испитување на јавното мислење, едукативни средби со ученици и печатење и дистрибуција на  летоци со пораки за правилно и законито однесување во сообраќајот.

Кампањата за зајакнување на сообраќајната култура во која значаен придонес дадоа учениците од сообраќајната насока со професорката Љубинка Ристова, има за цел да ја зајакне свеста кај населението за влијанието на сообраќајот врз климатските промени.

Активностите произлегоа од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите и од Програмата за сообраќај на Општина Кочани за 2022 г.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio