Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Месецот на машкото здравје, Општина Кочани и Ротари клубот Кочани-Виница организираа настан со кој ја актуализираа потребата за грижата за здравјето на мажите.
Во петокот, во салата на Мултикултурниот центар се одржа кратко предавање од д-р Дарко Иванов, психијатар во Центарот за ментално здравје во Кочани, кој истакна дека расте бројот на психичките растројства кај мажите и ја нагласи потребата од нивно навремено дијагностицирање и лекување.
Во вториот дел, актерите Елена Шорова Дербов, Владимир Тулиев и Миле Вратеовски од Штипскиот театар ја прикажаа театарската претстава, комедијата „ЈЗУ Европа“, во режија на Кристина Атанасова Арсова.