Радио Кочани
Кочани

По две години пауза, во преполнетата сала во Оризари одбележан патрониот празник на ОУ Крсте Петков Мисирков

604

Со темата во  “Светот на бајките” претставена од учениците од ОУ “Крсте Петков Мисирков” и со положување цвеќе на бистата беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Учениците и наставниот кадар се потрудија да го претстават чудесниот свет на фантастичното исполнет со волшебни суштества и успеаја за миг да ги вратат возрасните во детскиот живот на бајките.

Преку претставувањето на Снежана и седумте џуџиња, Аладин и волшебната ламба, пиратите и ледената кралица, на свечената академија по повод празникот направија вистинско ремек дело и упатија порака “Никогаш да не излегуваат од детскиот магичен свет” и дека “На крајот секогаш победува доброто”.

Поздравен говор имаше директорката на училиштето Соња Иванова, а пред присутните во преполната училишна сала се претстави и хорот и оркестарот на училиштето кои ја изведоа и државната химна. На бистата пред патронот Крсте Петков Мисирков цвеќе положија градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов, и претставници од општината и училиштето.

По пауза од две години, кога заради епидемијата не се организираа свечени академии и фактот дека салата беше исполнета до последно место, јасно покажа дека вакви настани се повеќе од потребни.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio