Радио Кочани
Кочани

Фондот за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.

1,467

Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.

Државна лотарија ги известува играчите на играта на среќа  Лото 7 дека со цел за побрзо полнење на фондот за добивката од прва категoрија и за зголемување на вредностите на добивките по сите категории, почнувајќи од уплатата за 99 коло (10.12. 2022), една комбинација за учество во играта на среќа Лото 7 ќе е со вредност од 30 денари, колку што ќе изнесува и уплатата за еден Џокер број.

Со ова, гарантираниот фонд за 7-ка на Лото 7, наместо 7 000 000 денари, ќе изнесува 10 000 000 денари, а гарантираната премијата за Џокер со 6 погодици ќе се зголеми на 1 000 000 денари.

Цената на комбинација за учество во овој вид игра на среќа и понатаму останува најниска во регионот.

Фондотза 7-ка во моментов изнесува над 30 000 000 денари.

Од октомври 2019, Државна лотарија овозможи учество во игрите на Среќа Лото 7 и Џокер со онлајн уплата, преку веб-страницата www.loto.mk.

За потсетување, досега имаме вкупно 26 (дваесет и шест) постигнати 7-ки, со добитници низ различни градови ширум државата, а рекордната 7-ка е забележана во 2021 година со вредност од 41 163 771 денари.

Играта Лото 7 е игра на среќа со најголема добивка во нашата земја, игра со еднакви шанси за сите учесници.

Дел од секоја поединечна уплата на влоговите во играта на среќа Лото и дополнителната игра Џокер е наменет за зголемување на Буџетот на Република Северна Македонија, со што играчите директно даваат допринес кон реализацијата на оштественокорисните цели на нашата заедница.

Државна лотарија

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе