Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Мустафа Саидов, вработен во Локалната самоуправа на Општина Кочани и активист во невладиниот сектор, денеска одржа прес конференција во комплексот АСНОМ во близината на старата касарна каде во мизерни услови живеат триесетина ромски семејства.
Саидов приликава ја искористи за критики кон членовите на Општинскиот совет, кои не гласајќи повеќе развојни програми оневозможија користење на средтва од централната власт, наменети за изградба на бараки за домување на лица од социјален ризик, најмногу за „станарите“ во старта касарна.
Тој нагласи дека станува збор за теснопартиски и лични интереси на советници.
Директно, како најголем негативец за неизгласувањето на спорната точка од седницата на Советот на Општина Кочани одржана на 14 ноември,Саидов го посочи Аки Акиов, советник од редовите на ПДПР, коалиционен партнер на СДСМ. Акиов, на седницата јавно кажал дека лично ќе се зачложи кај ресорниот министер, парите за изградба на социјалните бараки централната власт да и ги одземе на Општината.
Ваквото однесеување на советникот Акиов, Мустафа Саидов го оквалификува како „најголем душманлк за Ромската заедница“.
Истовремено, Саидов упати советник да се обрати кај претходниот градоначалник, Николчо Илијев и да го праша зошто тој парите за изградба на социјалните бараки ги чувал на наменска сметка цели три години.