Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОО СДСМ КОЧАНИ – СО НОВАТА ЦЕНА НА ВОДАТА – НОВ ЦЕНОВЕН ШОК
Почитувани,
На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода.
Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните.
Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на домашни производи за чие одгледување дури имаме и домашен енергенс – геотермалната вода.
Со почит,
ОО на СДСМ Кочани