Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Кочани изврши градежни активности и хортитикултурно уредување на повеќе локации во градот.
На потегот на кејот на Кочанска Река кон месноста Бавчалук, Општина Кочани го расчисти и уреди тротоарскиот простор и кејот на реката од нараснатата вегетација. Покрај шеталиштето беа изработени мурали и графити.
Истовремено се работи на изградба на високи потпорни ѕидови. Изградени се потпорни ѕидови на улиците „Лазар Стоименов“ и „Стево Теодосиевски“. Извршена е надградба на потпорен ѕид на улицата „Блаже Поп Арсов“, а во моментот се работи на изградба на потпорен ѕид на улицата „Пиринска“.
Поставени се заштитни огради на потпорните ѕидови на кружниот тек на улица „Теодосија Паунов“, на крак од улицата „Македонска“, а во моментот заштитна ограда се поставува на булеварот „Стево Теодосиевски“, заедно со заштитни столпчиња. На истоимениот булевар во тек е изградбата на двократни скали од страна на спортската сала.
Продолжува и крпењето на оштетени асфалтни површини, заради претходно санираните водоводни дефекти на повеќе улици.
Претходна објава
Доне Донев : Десетка за „Приказни од петка“ на Соња Гиздавиќ
Може ќе ви се допадне