Радио Кочани
Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржа 19. седница

190

Советот на Општина Кочани ја одржа 19. седница, на која покрај предложениот дневен ред членовите, усвоија заклучок со кој препорачаа мораториум за вработување во КЈП „Водовод“ до 31 декември 2022 година. Со 18 гласа „за“, Советот побара во наредните два месеца одговорните служби да достават план за намалување на бројот на вработени за наредната година, со кој КЈП „Водовод“ ќе се преструктурира во функционално претпријатие.

 

Предлогот на КЈП „Водовод“, цената за метар кубен геотермална вода да биде 66,88 денари, не доби согласност. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, тоа  го оцени како преседан од невидени размери.

– Со неизгласувањето на цената за метар кубен геотермална вода, 12 стопански субјекти, корисници на геотермална вода се принудени да бараат алтернативни форми на енергија кои се четири пати поскапи од геотермалната водаИсто така се скрати можноста на „Водовод“ да се раздолжи за сметките за електрична енергија и да ја извршува оваа дејност за грејната сезона 2022/23 година. Ги повикувам корисниците на геотермална вода, вклучително и директорите на училиштата, да се снабдат со други извори на енергија, поради неможноста на „Водовод“ да склучува следни договори – истакна на седницата градоначалникот Папазов.

Советот ја донесе одлуката за измена и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“, за основање подружница на КЈП „Водовод“, но не го усвои Годишниот план за вработување во „Водовод“ за 2023 година, Извештајот за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за деветте месеци од 2022 година, а не ја поддржа и одлуката за делегирање надлежност на ЈП „Светлина-КО“, односно одлуката за давање на стопанисување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Кочани.

Членовите на Советот усвоија девет општински програми и ги изгласаа ребалансот на Буџетот за 2022 година и Извештајот за извршување на Буџетот за третиот квартал од тековната година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio