Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почитувани сограѓани,
На денешната седница на Совет на општина Кочани не ги поддржавме точките поврзани со КЈП Водовод. Причината е јасна и недвосмислена: не поддржуваме неспособност за менаџирање!
Не поддржуваме непрофесионалност и неажурност!
Не поддржуваме реализирање на лични интереси на сметка на жителите на општина Кочани!
Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – само го пролонгирате проблемот и единствена цел ви се партиски непотребни вработувања.
Крајно време е некој да преземе одговорност за милионските загуби на претпријатието!
Крајно време е некој да одговара за штетата која од ден на ден се зголемува!
Ветувавте се’ и сешто, а за цела една година, испорачавте – НИШТО! Бескрупулозно ја лажете цела кочанска јавност за наводна загриженост, а таргет ви беше само ВЛАСТ!
До кога планирате да ја држите локалната самоуправа во заложништво?!
Советничка група предводена од СДСМ
Може ќе ви се допадне