Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Двете најмлади екипи на ГФК „Осогово“ добија нови комплети опрема за натпреварување. Донатор на новата опрема е Печатница „Европа 92“, а иницијативата на З.Г. „НИКОЛА МАНТОВ“ ја поддржа Влатко Димитровски, менаџер на оваа кочанска печатница.
„Вчера во новите дресови нашите најголеми надежи ги победија конкурентните екипи на Академија „Чешиново“ постигнувајќи вкупно 16 гола на два натпревари!“, информираа влубениците во „Осогово“, што го носат името на некогашниот фудбалер, НиколаМантов, кој почина на теренот во седумдесетите години од минатиот век.
Откако Здружението на граѓани „Никола Мантов“ започна со активности собрани се 10 илјади евра и сите се наменети за нивното и градско милениче, ГФК „Осогово“.
ЗГ „Никола Мантов“ најави дека наскоро ќе ја покаже теретаната, односно фитнес салата за фудбалерите, што ја опреми собирајќи донации.
Ова граѓанско здружение што целосно му е посветено на „жолто – синиот“ клуб од Кочани, многу бргу ќе го прослави својот втор роденден.
Радио Кочани им честита за сето она што га направија за ГФК „Осогово“ во изминатите две години.