Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Пчеларите од Македонија денеска и утре се во „Паркот на Револуцијата“ пред кочанчани со своите пчелни производи на 25 – то издание од Манифестацијата „Денови на медот 2022“, чиј традиционален организатор е локалното Пчеларско здружение „Матица“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, а меѓу пчеларите беше и Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија, како и
Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралнио тразвој.
Претседателот на Матица, Борчо Атанасов, најави дека килограм мед овие два празнични дена во Кочани ќе се продава по 500 денари. Повелете…