Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денес се работи на улицата „Маршал Тито“ во Грдовци после подолг застој, се создадени услови да продолжиме со работа и асфалтирањето ќе следи во наредните денови.
Сакам да ја промовирам и активноста на препумната станица со кое овозможуваме континуирано водоснабдување на жителите од населбата „Трајаново трло“ во вредност од 3 милиони денари каде што се во тек работите и да не ги пропуштиме едни од објектите, односно проектите кои се финансирани од Буџетот за 2022 година, тоа е изградбата на булеварот Стево Теодосиевски и довршувањето на работите на градскиот парк кој беше затечен во фаза на изградба.
Значи се работи за неколку проекти кои носат вредност од околу 73 милиони денари, од кои 65 се финансирани од буџетот за 2022 година и овозможуваат услови за граѓаните да ги користат бенефитите од реализираните проекти.