Радио Кочани
Кочани

Комуналната инспекција забранува продажба на земјоделски и на индустриски производи, на пазарот кај Автобуската станица

1,734

Комуналната инспекција на Општина Кочани со соработка со полициски службеници, в недела, на 23 октомври 2022 година ќе спроведе контролна акција на пазарот кај Автобуската станица.

Надлежните служби ќе ја контролираат узурпацијата на јавната површина од страна на продавачите на земјоделски и на индустриски производи.

Целта на акцијата е да се воспостави ред во користењето на јавните површини и  на безбедноста во движењето на сообраќајните површини.

Според Законот за јавна чистота, на јавни површини е забранета продажба на земјоделски и на индустриски производи, освен на места определени за таа намена.

Општина Кочани

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio