Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во Кочани ќе претстојува Христијан Мицковски, лидер на најголемата опозициона партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, на лична покана од градоначалникот Љупчо Папазов.
Мицковски во 12,30 часот ќе ја погледне неодамна асфалтираната улица „Јордан Зафиров“ во населбата „Варница“, а потоа тој, заедно со претставници на Локалната самоуправа, ќе изврши увид и на улицата „Смилевски Конгрес“.
Посетата на Кочани од страна на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски, завршува на улиците „Стево Теодосиевски“ и во „Паркот на Револуцијата“.