Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
СВР Штип на својата веб-страница објави дека поднел кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од МВР.
Според пријавата, на 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив, објаснуваат од полицијата.