Радио Кочани
Кочани

Висока Швајцарска делегација во посета на Општина Кочани и Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци

865

Денеска, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани и Причестителната станица за отпадни води во с. Мојанци, меѓу кои г-ѓа Irène Kälin, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-дин Martin Candinas, прв заменик претседател на Националниот совет, г-дин Eric Nussbaumer, втор заменик претседател на Националниот совет, г-дин Claudio Fischer, раководител за меѓународни односи и повеќејазичност, Швајцарски парламентарни служби и г-ѓа Sophie Lachat Rohrer, советник за наука, Оддел за меѓународни односи, Швајцарски парламентарни служби. Во посета беше и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Н.Е. г-ѓа Veronica Ullman.

Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци е проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО, капитален објект во кој се применува најсовремена технологија за пречистување и третман на отпадните води и се промовира самоодржливоста, кадешто 70% од енергијата која се троши е од сопствено производство.

Во склоп на денешната посета, од страна на претставници на Здружението „Меден Исток“ беа презентирани резултатите од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект којшто е финансиран од Швајцарската Влада.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio