Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Честит 11 Октомври – Денот на македонското востание
По повод Денот на македонското востание – 11 Октомври, делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Градскиот парк. Свежо цвеќе положија и делегации од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица.
-Празнувајќи го 11 Октомври, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание.
Овој ден ja бележи пожртвуваноста на македонскиот народ, како и сите храбри борци и херои кои го дадоа својот живот за слобода и за создавање на самостојна и независна држава.
Да ја чуваме сувереноста и независноста на нашата татковина.
Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание! – стои во честитката на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.