Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
огласно одредбите од Законот за Локалната самоуправа и Законот за Буџет, Општина Кочани организира Јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023 година.
Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со Закон.
Јавната расправа ќе се одржи на 17.10.2022 година, во 19 часот, во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани.
Претходна објава
Нема да има зимско сметање на времето – одлука во најава како уште една антикризна мерка
Следна објава
Може ќе ви се допадне