Радио Кочани
Кочани

Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга

13,984

На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети (стапови) влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе