Радио Кочани
Кочани

Изложени делата од Лесновската ликовна колонија 2022 во Кочани

503

– Ликовните дела од овогодишната меѓународна Лесновска ликовна колонија од денеска се изложени во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.


Пред љубителите на ликовната уметност се претставени вкупно 28 слики работени во акрил, масло и спреј на платно коишто ликовните творци ги изработија кон крајот на јуни и почетокот на јули.

-Годинава колонијата беше јубилејна и се одржа по триесетти пат. Имавме 14 учесници кои се инспирираа од околината на манастирот во Лесново и ја збогатија нашата ликовна збирка со нови дела. Престојот и работењето на ликовните творци помина без проблеми, а реализацијата на колонијата во  организацискиот беше според очекувањата. По гостувањето во Кочани, планираме делата од овогодишната колонија да ги претставиме и во другите соседни градови, истакна Сандра Мијалковска, директорка на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Делата од колонијата ќе бидат изложени во ЦК „Бели мугри“ во наредните две недели. Одржувањето на Лесновската ликовна колонија годинава финансиски е помогнато со средства од Министерството за култура, со поддршка и порковителство од Општина Пробиштип, а организатаор и домаќин беше Домот на културата „Злетовски рудар“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio