Радио Кочани
Кочани

Брачен пар од Кочани завршил на токсикологија по ручек со печурки

4,784

Брачен пар од Кочани вчера попладне завршиле на интензивниот оддел на Токсикологија откако претходно јаделе печурки што ги собрал мажот. Симптомите на труење им се појавиле два три часа по ручекот по што побарале и лекарска помош. Пациентот не знаел дека се отровни бидејќи, како што им кажал на медицинските лица бил добар познавач на овие плодови.

-Примени се вчера попладне, колегите од регионалниот центар во Кочани добро си ја завршиле работата и по детокдификацијатас се чуствуваат добро, вели др. Нико Беќаровски од Клиника за Тксикологија.

Доктор Бечаровски алармира дека изминатите неколку недели имаат зголемен број на пациенти поради труење со печурки. По периодот на пообилни дождови вели дека секоја недела имаат околу дестина затруени, но за среќа нема ниту еден фатален исход.

-Јас секогаш апелирам, ако сакате да јадете печурки, јадете индустриски и знам дека со тоа не се согласуваат оние кои велат дека се добри познавачи. Но во моето 33 годишно искуство, сите кои  биле затруени со печурки велат дека се добри познавачи, вели Беќаровски.

Доволно е една отровна печурка да предизвика смртен исход предупредуваат токсиколозите. Велат дека Македонија е еднемско подрачје каде ги има и најотровните печурки и многу често доаѓа до труење поради нивната сличност една со друга.

Во земјата пред неколку години имаше и смртни случаи меѓу кои и цела фамилија поради труење со печурки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio