Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во склоп на програмата на овогодинешната манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“, денеска беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од авторката Лилјана Зашова.
На денешната промоција, сопругот на авторката, Благој Зашов, поранешен амбасадор на Р. С. Македонија во Р. Франција, ја искористи приликата да му подари уметничка слика на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
Станува збор за четврта уметничка слика од познатиот уметник Мајкл Клоз која е подарена во нашиот град од страна на Благој Зашов. Претходните три слики се подарени на ОУ „Раде Кратовче“, СОУ „Љупчо Сантов“ и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Оваа подарена слика ќе го краси просторот во Мултикултурниот Центар во Кочани.